Скопје синоќа му оддаде почит на музичарот и кантавтор Владо Јаневски, на настан одржан пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде бројни обожаватели, граѓани и почитувачи на неговата музика се собраа за да му оддадат признание на неговиот долгогодишен придонес кон македонската музичка сцена.
Фановите со емоции се присетија на неговите најпознати песни, истакнувајќи дека тие се дел од нивните животи и спомени, како и симбол на љубов, носталгија и заедништво низ генерации.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој порача дека Јаневски оставил неизбришлив белег во културниот живот на градот и државата.
-Владо беше емоција, спомен, љубов кон градот, кон луѓето, кон Македонија. Неговите песни се дел од нашите животи, од нашите радости, од нашите тивки моменти, од нашите победи. Легендите не заминуваат – тие живеат преку песните и луѓето, објави градоначалникот.
Настанот заврши во атмосфера на почит и благодарност, со порака дека музичкото наследство на Јаневски ќе продолжи да ги поврзува генерациите.
Владо Јаневски ќе биде погребан денес, на градските гробишта Бутел.
Previous ArticleОД СЕГА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ САМО НАД 18 ГОДИНИ

