Денес во Росоман, гнездото на штрковите беше уништено во пожар. Слика што ги вознемири жителите, бидејќи штрковите не се само птици – тие се дел од секое лето, секое враќање дома и секоја приказна што ја раскажува природата.
Но, најважното е што сите четири штрка се спасени. Благодарение на навремената реакција на жителите и на пожарникарите од ППТЕ Кавадарци, тие останаа живи и здрави, а и покрај тоа што гнездото мораше да биде отстрането, веќе е најавено дека ќе добијат нов дом.
-Живи и здрави се птиците, спасени на време. За жал, од гнездото не остана ништо, но локалните жители ги згрижија, и ветија дека ќе се обидат да им изградат ново гнездо, за ВИКИМЕДИА пожарникарот Ване Андрев.
Понекогаш е доволно еден добар потег за да се врати надежта. Таму каде што денес има пепел, наскоро повторно ќе има гнездо. А со него и нов почеток.
Нека ова биде потсетник дека природата ни возвраќа со убавина кога ние ѝ возвраќаме со грижа. Зашто секој спасен живот, без разлика дали е човечки или животински, е победа што вреди да се памети.
В.К.
ЕМОТИВНА ПРИКАЗНА ОД РОСОМАН: ПОЖАР ГО УНИШТИ ГНЕЗДОТО, НО СИТЕ ЧЕТИРИ ШТРКА СЕ СПАСЕНИ
1 Min Read

