Со влезот на германскиот малопродажен синџир Лидл на македонскиот пазар, домашните земјоделски производи добиваат значајна можност за поширок пласман и извоз на европските пазари, истакна министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
Според него, започнувањето на активностите на Лидл во Македонија ќе придонесе за „мапирање“ на државата како инвестициона дестинација, подобрување на деловната клима и внесување нови стандарди во малопродажниот сектор. Тој посочи дека најголем бенефит од оваа инвестиција ќе имаат домашните земјоделци, особено преку зголемени можности за извоз.
Повод за изјавата е поставувањето на камен-темелникот за изградба на нов маркет на Лидл во Струмица, проект кој се оценува како значаен за целиот струмички регион, познат по раноградинарското производство.
Министерот нагласи дека преку вакви инвестиции се создаваат услови македонските производи да се најдат не само на домашниот пазар, туку и на трпезите низ Европа, каде Лидл веќе има широка мрежа на маркети.
Тој упати честитки за реализацијата на инвестицијата, истакнувајќи ја поддршката од општина Струмица и Владата, кои, како што рече, остануваат посветени на привлекување инвестиции што имаат позитивно влијание врз економијата.
НИКОЛОСКИ: ДОМАШНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ИМААТ НАЈГОЛЕМ БЕНЕФИТ ОД ОТВОРАЊЕТО НА ЛИДЛ!
1 Min Read
Previous Article„ПОЛСКО ЦВЕЌЕ“ КАКО ВЕЧЕН СИМБОЛ
Next Article ДЕСЕТИЦИ ПРИЈАВИ ДО 112 ПО СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

