Министерот во заминување за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку објава на социјалните мрежи му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата што му ја укажал да го предводи Министерството во изминатите две години.
Во својата објава, Трипуновски прави осврт на сработеното за време на мандатот, истакнувајќи дека биле реализирани бројни реформи и проекти во земјоделството. Како што наведува, исплатени се над 15 милијарди денари тековни и заостанати обврски кон земјоделците, донесени се законски измени и повеќе од 150 плански документи, укината е дел од бирократијата, склучени се над 2.100 договори за користење државно земјоделско земјиште и реализирани се повеќе проекти во секторот.
Трипуновски истакнува дека најголемиот дел од мандатот го поминал на терен, во директна комуникација со земјоделците, додавајќи дека токму таму биле креирани најдобрите политики.
Во објавата наведува и дека на својот наследник му остава стабилни темели, функционални институции и започнати проекти, оценувајќи дека нивното продолжување ќе придонесе за понатамошен развој на македонското земјоделство. На крајот им се заблагодарува на својот тим, на вработените во Министерството и на земјоделците, порачувајќи дека резултатите остануваат и зборуваат погласно од зборовите.
ТРИПУНОВСКИ: НА МОЈОТ НАСЛЕДНИК МУ ОСТАВАМ СТАБИЛНИ ТЕМЕЛИ, РЕЗУЛТАТИТЕ ЗБОРУВААТ ПОГЛАСНО ОД ЗБОРОВИТЕ!
1 Min Read
Previous ArticleНА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – РОКЕРОТ СО НЕЖНА ДУША КОЈ ОСТАВИ НЕИЗБРИШЛИВА ТРАГА
Next Article ВИКЕНДОВ СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ КАЈ СОЛУН

