-Луѓето возат автомобил, на пример 24-годишни, излегува нов модел на автомобил и нив повеќе не им чини автомобилот кој го имаат, тој е стар. Полека бре другари, дали сте нормални, па јас имам костим за капење од 2015 година, некој Лакосте модел, кој е подобар од сите други кои потоа сум ги купил. Тоа се такви глупости. Друго, јас повеќе ги сакам старите фармерки отколку новите, тие имаат душа, насекаде биле со мене, додека не пукнат сосема, тие се мои, раскажа популарниот музичар Владо Георгиев (50) во емисија за Жена.рс.
Неговата порака, наместо слепо да ги следиме трендовите, понекогаш токму старите работи, кои имаат своја приказна и „душа“, вредат повеќе од сè што е ново, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде дел од јавноста се согласи со неговиот став дека денешното општество е премногу оптоварено со новите трендови и постојаната потреба за купување. Во време на брза потрошувачка и постојано менување на навиките, неговите зборови отвораат прашање дали понекогаш токму старите работи не ја имаат најголемата вредност.
Георгиев, кој е присутен на сцената околу три децении, во април годинава одржа солистички концерт во Скопје, во Арена Јане Сандански, а атмосферата уште еднаш потврди дека тој е еден од најомилените музичари на овие простори.

