Триесетгодишната Т.Д. од Велес е лишена од слобода под сомнение дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг.
Според информациите од СВР Велес, настанот се случил на 6 јули 2026 година околу 19:00 часот. По пријавувањето на случајот, полициски службеници излегле на местото, а повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.
Осомничената Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Полициските службеници го пронашле и одзеле предметот со кој, според пријавеното, била нанесена повредата.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за „обид за убиство при семејно насилство“, кривично дело предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Previous Article,,КОКТЕЛ” ИМА НОВА ПЕСНА: РЕГЕ ЗВУЦИ СО БАЛКАНСКИ ШМЕК!

