Во Србија официјално започна со работа интернет-платформата „Кој си, бре, ти“, наменета за граѓаните кои сакаат анонимно да пријават сомнежи за корупција, злоупотреба на службена положба, бахато однесување на функционери и други неправилности од јавен интерес.
Платформата, која е достапна преку интернет, е претставена како безбеден канал преку кој граѓаните можат да доставуваат информации без регистрација и без внесување лични податоци. Според најавите, системот е дизајниран така што пријавувачите не треба да оставаат име, електронска адреса или други податоци за идентификација.
Корисниците преку платформата можат да изберат категорија на пријава – од пријавување корупција, преку несоодветно однесување на јавни функционери, до други видови неправилности. По изборот на категоријата, се пополнува формулар со информации за тоа што се случило, кога и каде се случил настанот.
Иницијативата за формирање на платформата беше најавена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој посочи дека целта е граѓаните да добијат можност за побезбедно пријавување на злоупотреби во јавниот сектор.
Пуштањето во употреба на „Кој си, бре, ти“ доаѓа во период кога прашањата поврзани со транспарентноста, одговорноста на институциите и борбата против корупцијата се во центарот на вниманието во Србија. Платформата сега треба да покаже како ќе функционира во пракса, колку граѓаните ќе ја користат и на кој начин ќе се постапува по доставените пријави.
„КОЈ СИ, БРЕ, ТИ“ – СО ПЛАТФОРМА ЗА АНОНИМНО ПРИЈАВУВАЊЕ ЌЕ СЕ ЛОВАТ КОРУМПИРАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ВО СРБИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleЏАЛА БРАТ И БУБА КОРЕЛИ ПРЕД ОХРИДСКАТА ПУБЛИКА

