Триесет и едногодишниот Б.Џ. е уапсен откако синоќа во семејниот дом во Скопје, со повеќе убоди со нож, му го одзел животот на својот 52-годишен татко Е.Л., информираше СВР Скопје.
Според првичните информации, настанот се случил околу 22:35 часот, откако Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, ја нападнал својата сопруга, 54-годишната мајка на Б.Џ.
Полицијата го лишила од слобода Б.Џ. околу 23 часот во семејниот дом, кој се наоѓа на подрачјето на Полициската станица Битпазар.
Повредената жена веднаш била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што ѝ била укажана медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Од СВР Скопје информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

