Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој се бара по наредба на Основниот суд во Кочани.
Според информациите од МВР, лицето се бара со централна и меѓународна потерница поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Потерницата е распишана откако Лазаров избегал од Полициската станица во Кочани. Надлежните органи преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат сите граѓани кои имаат информации за движењето или престојот на лицето да ги известат надлежните институции.

