Четиринаесетгодишно момче од Охрид изгубило свест откако му бил послужен алкохолен пијалак во угостителски објект во градот, по што итно било пренесено во Општата болница во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека поради случајот е поднесена кривична пријава против угостителскиот објект, како правен субјект, и против неговиот сопственик и управител Е.Н., поради сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
Полициската контрола утврдила дека во објектот на улицата „Партизанска“ на 14-годишниот малолетник му бил послужен алкохолен пијалак без од него да биде побаран документ за идентификација и проверка на возраста.
По консумирањето на алкохолот, малолетникот изгубил свест и бил хоспитализиран, а против одговорните лица е поведена кривична постапка.
ПОСЛУЖИЛЕ АЛКОХОЛ НА 14-ГОДИШНИК – ДЕТЕТО ИЗГУБИЛО СВЕСТ, ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
1 Min Read

