Осумнаесетгодишен волонтер на Црвениот крст од Гостивар е приведен откако, според полицијата, без дозвола го зел службеното возило на организацијата и со него удрил во повеќе паркирани автомобили.
Инцидентот се случил на 23 јули околу 00:10 часот на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Полициски службеници го лишиле од слобода Е.С. (18) од Гостивар, кој бил волонтер во Црвениот крст.
Според пријавеното, младиот волонтер без овластување го зел службениот патнички автомобил „Цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Црвениот крст, по што со возилото удрил во повеќе паркирани автомобили.
При полициската контрола било утврдено и дека Е.С. управувал со возилото без да поседува возачка дозвола.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ УКРАЛ СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО, ПА УДРИЛ ВО ПОВЕЌЕ ПАРКИРАНИ АВТОМОБИЛИ
1 Min Read

