Проф. Горан Марковски, кандидатот за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, денес дојде на прес-конфереција носејќи маска на диносаурус.
Пораката која сакаше да ја пренесе со маската е дека ќе изумрeме како диносаурусите, доколку не се справиме со загадувањето.
Конкретно, за скопската дива депонија ,,Вардариште”, тој вели дека во губрето има голема количина на метан, кој е лесно горлив материјал. Според него, постојат методи за таа енергија да се искористи и за производство на електрична енергија, само било потребно знаење и одговорност.
Поради загадувањето од ,,Вардариште” жителите на Аеродром започнаа со протести, секој ден од 18 часот, и ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“.
Деск
Кандидатот за градоначалник Марковски дојде на прес со маска на диносаурус: Ќе изумрeме како диносауруси, ако не го решиме загадувањето!
1 Min Read

