Со големо жалење сакаме да Ве известиме дека на седумгодишна возраст не напушти нашата сакана гибонка Софи, информираат од Скопската зоолошка градина.
Додаваат дека Софи пред 12 дена пројавила симптоми на малаксаност и отежнатост во движењето при што од страна на стручен ветеринарен тим било веднаш реагирано и започнала со примање на терапија, а направени биле и лабараториски дијагностики.
-Нејзината состојба беше секојдневно следена и очекувавме подобрување, но во неделата ситуацијата одеднаш се влоши и иако нашиот тим направил се во моментот за реанимирање, за жал таа не издржа.
Ги добивме и наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за угинувањето каде што се вели дека Софи од видот белорак гибон била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR метода на Институтот за ветеринарна медицина.
По добиените резултати,веднаш е известена Агенцијата за храна и ветерина и од наша страна се превземени мерки за дезинфекција и поставување дез бариери. Живеалиштето на гибоните е изолирано од други животни, а ќе бидат направени и дополнитени испитувања на останатите единки од групата.
Вакви случаеви на заболување кај животни се појавуваат во сите светски зоолошки и ова не е изолиран случај само од скопската зоолошка…
Софи беше чувана со многу љубов, постојано весела и една од најактивните гибони, движејќи се секојдневно по дрвјата на езерцето.
И за нас вработените, нејзиното заминување е шок, направивме се што можевме, но како и кај луѓето понекогаш болеста не може да се спречи, соопштија од ЗОО Скопје.
Во јуни годинава, во Скопје ЗОО исто така почина женка мајмун од ретката врста сијаманг. За нејзината смрт тогаш од институцијата изјавија дека ги чекаат резулатите од обдукцијата кои ќе ја откријат причината за угинувањето, но до денес, се уште не се споделени детали со јавноста.
В.К.
Во сите светски зоолошки има вакви случаи на заболување, велат од Скопје ЗОО, по смртта од туберкулоза на гибонката Софи
2 Mins Read

