Девојче на возраст од 16 години завршило со тешки телесни повреди вчера, управувајќи електричен тротинет, извести Секторот за внатрешни работи Охрид.
Од таму додаваат дека на 06.09.2025 во 15:45 часот, на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Елпида Караманди“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(38) од струшкото село Шум и електричен тротинет, управуван од 16- годишна малолетничка од Струга.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Деск
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка помеѓу електричен тротинет и патничко возило
1 Min Read

