Жена на возраст од 34 години од кавадаречко Бегниште, вчера била приведена поради сомнение дека предизвикала пожар. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, таа запалила стари предмети на својата нива, но пожарот се проширил и зафатил родни дрва кои биле во нејзина сопственост, но исто така, настрадале и три лозја во сопственост на нејзини соседи.
-Вчера во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани запалила стари предмети, а пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритријална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, соопштија од СВР Велес.
Деск
Previous ArticleШерифовиќ пееше во Кавадарци, но ја сместиле во хотел во Неготино: Ме изненадија со патики на подарок!
Next Article ,,Силјан” е македонски кандидат за Оскар

