Општествено одговорната компанија Кожувчанка прва му излезе во пресрет на семејството Гоцевски од село Разловци, делчевско, и донираше сума од 5.000 евра, со цел полесно да се справат со последиците од разорниот пожар во кој им изгоре куќата, помошните простории, како и семејниот бизнис – нивниот маркет кој бил од голема важност за селото.
Локалните медиуми веќе објавија за настанот кој се случил пред два дена, кога избил пожарот и за околу три часа фамилијата останала без сето она кое го градела и создавала во изминатите 30 години.
Во видео прилог кој го објави веб порталот Делчево365, жителите на Разловци револтирани раскажуваат дека во тек на лето мака мачат со недостиг на вода, а ноќта кога избил пожарот, токму поради рестрикциите на водата, сите биле беспомошни и не можеле ништо да сторат.
Велат дека во рака го држеле цревото, но немало доволно притисок, па не биле во можност воопшто да помогнат при гасењето и не им преостанало ништо друго, освен да гледаат како пламените го голтаат целиот имот.
Апелираат до локалните власти конечно да им го решат проблемот со водата кој е недозволив во 21-от век, а истовремено апелираат и до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании да помогнат со своја донација во овој тежок период за фамилијата Гоцевски.
За помош на семејството, може да се донира на следните сметки:
240167010272568 Николчо Гоцевски
Донации од странство: IBAN: MK07300307046915579
SWIFT: KOBSMK2XKOB
Stefanija Gocevska
Вики Клинчарова
Кожувчанка прва им излезе во пресрет: Се што создавале три децении, изгубија за три часа!
2 Mins Read

