Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на инвестициите во културата, плановите за реновирање на постоечките или изградба на нови театри, изјави дека како и во секоја друга област во државата, така и во културата имале инвестиции, кои ги нарече историски.
-Апсолутно, како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции, коишто би рекол, се историски. Тука пред сѐ мислам и на инвестицијата на театарот во Струмица којшто конечно треба да биде завршен. Завршена е тендерската постапка и така натаму и да биде пуштен во функција.
Постапката за скопската Универзална сала, тоа е многу важно исто така. Во разговор со министерот, мислам дека и презентацијата на решението кое е навистина модерно, ќе им се допадне на скопјани.
Тука се сите оние културни домови коишто се реконструираат на целата територијата на Македонија. Така што, инвестиции се потребни, имаме уште многу работа.
Ние можеме само да ветиме чесна, посветена и многу работа. Останатото политиканство, интриги, конструкции, шпекулации го оставаме на тие коишто не можат и не знаат ништо да сработат, истакна Мицкоски.
Деск
Решението за Универзалната сала е навистина модерно и мислам дека ќе им се допадне на скопјани, кажа Мицкоски
1 Min Read

