Албанскиот премиер Еди Рама се пофали со гостувањето во Тирана на еден од најпознатите рок бендови во светот, Scorpions .
-Тирана, медитеранската престолнина на културата и дијалогот, по 24 години го пречекува легендарниот бенд SCORPIONS, објави тој на својот официјален профил и сподели фотографии од масовно посетениот концерт.
Инаку, легендарниот рок бенд имаше концерт во Тирана пред 24 години, во време кога Албанија зад себе имаше турбулентна деценија и народот бараше надеж и нови хоризонти.
Денес, по 24 години, Тирана го пречека бендот како земја која доживува позитивна трансформација на многу полиња.
Концертот беше во организација на Redcloud, а албанските медиуми известуваат дека настанот бил посетен од луѓе не само од нивната земја, туку и од целиот регион.
-Ова не беше само концерт, ова е момент на гордост на Албанците, потсетување дека соништата кои се пееја на тој мал стадион во 2001 година не беа залудни. Тирана денес е жив доказ дека оваа земја знае како да се издигне, да расте и да стои гордо на било која сцена, објави порталот Тирана Пост.
В.К.
По 24 години, SCORPIONS пак дојдоа во Тирана: Албанија е земја која докажа дека знае како да се издигне и да расте!
1 Min Read

