Македонскиот Национален Пикелбол Тим оди на Европското Пикелбол Првенство 2025 во Рим, Италија, а настанот ќе се одржи од 18-ти до 21-ви септември.
За првпат во историјата, нашата земја ќе има свои претставници на ова големо европско спортско натпреварување.
Помеѓу деветте играчи од нашиот национален тим е и Никола Перевски Пере од бендот Нокаут, кој порача дека во Рим ќе ја брани земјата во конкуренција од 32 држави.
-Горди сме што ќе ја претставуваме Македонија на европската сцена, порача Перевски на социјалните мрежи.
Селектор и предвоник на македонската репрезентација е Зоран Леонтиќ, а пак национален тренер е Јане Стојчевски.
Првенството ќе се одржи во спортскиот комплекс Форо Италико во Рим, под организација на Европската пикебол федерација и Италијанската пикебол федерација.
В.К.
Перевски од Нокаут ќе ги брани боите на Македонија на Европско пикебол првенство во Рим!
1 Min Read

