Вечер во 20.16 часот на плоштадот во Скопје ќе започне протестен собир, по повод шест месеци од трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади лица.
Настанот го организира иницијативата ,,Кој е следен” и на плоштадот ќе биде поставено сандаче за писма. Своите писма и пораки со поддршка, граѓаните ќе можат да ги остават во него, а истите ќе им биле однесени на родителите на жртвите во Кочани наредната недела.
Протестот е со цел да им даде поддршка на семејствата, но и порака дека мора да запре нефункционалноста на јавните институции, која доведе во една од најголемите трагедии во поновата историја во земјава.
Деск
Сандаче за писма ќе биде поставено вечер на плоштад, граѓаните ќе можат да им пратат пораки на семејствата на загинатите младинци од Кочани
1 Min Read

