Јавноста е вознемирена од вчерашното двојно убиство и самоубиство кое се случи во Велес. Жртви на убиецот, 39-годишниот Илија С. од Скопје се неговата поранешна партнерка Росица К. (31) и нејзиниот татко К.К. (74), на кои откако им нанел смртни повреди со остар предмет во нивниот дом, убиецот и самиот си пресудил.
Настанот бил пријавен околу 15.30 часот, а го потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес. Набргу по убиството, во јавност се огласија познаници на девојката, кои тврдат дека таа и во минатото трепала закани и насилство од убиецот, а на истиот му била изречена и забрана за приближување. Дали и која институција потфрлила во случајов кој заврши со голема трагедија, треба да покаже истрагата.
За Илија пак, познато е дека во минатото во повеќе наврати има гостувано во тв емисии, а во некои електронски медиуми се објавени и интервјуа со него. Во нив, тој раскажува дека поседува мултидисциплинираност, во која се вклучени повеќе професии, помеѓу кои моден дизајн на облека, видео, фотографија… Исто така, тој е и основач на бренд.
Пријателки на Росица за ВИКИМЕДИА потврдуваат дека тој е лицето кое стои зад злосторството кое што ја потресе земјата и прашуваат како се дозволи една ваква трагедија да не биде спречена.
-Избезумени сме, Росица никој не успеа да ја заштити од насилникот, иако таа бараше помош и кажуваше дека стравува за својот живот. Сите потфрлија, девојчето си отиде, велат тие.
Според информации од велешката болница пак, Росица имала шест повреди од остар предмет, а пак убиецот си нанел убодни рани на вратот.
В.К.
Убиецот на Росица не е непознат за јавноста: Даваше интервјуа во кои зборуваше дека е успешен на многу полиња
2 Mins Read

