За сума од 14.000 евра била измамена жена на возраст од 45 години од тетовско, од страна на 48-годишник од Косово, кој и се претставил како директор на градежна фирма во Германија и ветил да и помогне во купување на стан. Иако парите му ги пуштила во месец март годинава, таа дури завчера случајот го пријавила во СВР Тетово.
-На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска.
Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во три наврати му ги пуштила парите. Исто така, според пријавеното, после некое време го побарала да види до каде е работата со станот, при што тој ја информирал дека ќе треба да лежи во затвор затоа што бил осуден, по што сфатила дека била измамена и случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово, соопштија од полицијата.
Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Деск
Македонка вработена во Данска измамена за 14.000 евра: Измамникот се претставил како директор на градежна фирма во Германија!
2 Mins Read
Previous ArticleИ по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

