Во раните утрниски часови вчера се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор и две патнички возила, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат, две лица се здобиле со повреди.
-На 22.09.2025 во 05:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, после с.Ногаевци, Општина Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 533“ без регистарски таблици, управуван од Д.П.(67) од с.Ногаевци, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(71) од Велес и патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.К.(43) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобил Д.А.(74) од Велес, сопатник од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, известија од полицијата.
Деск
Сообраќајка помеѓу трактор без регистарски таблици, и неготинско и велешко возило
1 Min Read
Previous ArticleШтип доби затворен базен вреден околу 760 илјади евра

