Во Неготино се уште е активна забраната за употреба на водата за пиење, и истата не смее да се употребува и за приготвување на храна. Како што во неколку наврати истакнаа од ЈП Комуналец Неготино, се работело на решавање на проблемот и откривање на причинителот на загадувањето, а последната информација од вчера е дека проблемот е надминат, но водата се уште не смее да се употребува.
Во деновите наназад, граѓаните се жалеа на присуство на непознат мирис, но и боја во водата, а голем број од нив тврдат дека се соочуваат и со стомачни проблеми.
Околу тоа што всушност покажале анализите на земените мостри од водата за пиење во Неготино, ВИКИМЕДИА разговараше со д-р Дарко Котев од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
-Според последните официјални информации, загадувањето на водата настанало поради дефект, кој сега веќе е решен. Ние зедовме 26 мостри за анализа, од нив само кај една беше регистрирано благо покачување на бројот на бактерии.
Вчерашните мостри покажаа дека водата е исправна за пиење, но според закон, мора да се направи уште една анализа во тек утрешниот ден. Дури откако ќе ги добиеме резултатите од неа, ќе можеме со сигурност да потврдиме дали водата може да се користи, изјави д-р Котев.
Додава дека граѓаните на Неготино, најдоцна до утре попладне ќе бидат известени за резулатите, а до тогаш да не ја употребуваат водата за пиење и за приготвување на храна.
Вики Клинчарова
ЦЈЗ-Кавадарци со детали: Откриваат што било регистрирано во мострите од водата во Неготино
2 Mins Read

