Бојана Скендеровски го најави својот прв солистички концерт, кој ќе се одржи на 13-ти декември во Филхармонија. Денес таа објави видео од подготовките за настанот, и порача дека девојките кои ќе ги пеат придужните вокали се спремни.
Помеѓу нив е и Ана Костадиновска, која настапуваше заедно со ДНК за време на пожарот во Пулс во Кочани, и која успеа да се спаси кобната вечер.
Во трагедијата која однесе 63 млади животи, животот го загубија речиси сите кои беа дел од тимот на ДНК – придружниот вокал Сара Пројковска, пејачот Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стевановски и Мартин Атанасовски кој настапуваше со бендот како битбоксер. Потоа, од последици на пожарот почина и Владимир Блажев-Панчо од дуото „ДНК“. Над 200 младинци и деца беа повредени.
Покрај Ана, како придружни вокали на концертот на Бојана ќе настапат и Ивана Серафимовска и Теа Богатинова.
Концертот е насловен ,,Бесмртна” со почеток од 20.00 часот во сабота, а билетите се пуштени во продажба.
Пред неколку дена, Бојана ја промовираше и новата песна ,,Нема, нема” за која истакна дека е едно ново поглавје во нејзиниот уметнички развој.
В.К.

