Велешанец заработи две кривични пријави, откако во раните утрински часови бил приведен во полицикса станица, бидејќи возел под дејство на алкохол, а во станицата нападнал полицаец. За настанот извести Секторот за внатрешни работи Велес.
-Утринава во 02:10 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Н.(49) од Велес.
При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Деск
Previous ArticleВО ФОНТАНАТА ДИ ТРЕВИ ДНЕВНО СЕ ФРЛААТ ПО 3.000 ЕВРА, НО ТУРИСТИТЕ КОИ САКААТ ДА И СЕ ПРИБЛИЖАТ ЌЕ ПЛАЌААТ БИЛЕТ
Next Article ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО НЕГОТИНО, ЗАГИНА МАЛОЛЕТНО МОМЧЕ

