Ве замолуваме со цело срце да престане ширењето на овој пост и да запрат коментарите, особено оние што носат осуда, навреди и неточни информации. Во овие најтешки моменти, наместо утеха, за жал се соочивме и со болни зборови и погрешни толкувања, објави Саманта Ивановска, сестра на 16-годишниот Стивен Ивановски, по потекло од делчевско, кој загина во пожарот во бар во Швајцарија за време на новогодишниот дочек.
Како што појаснува сестрата, семејството објавило апел за помош на социјалните мрежи, бидејќи не им биле јасни трошоците за погребот, ниту сите дополнителни, непредвидени трошоци поврзани со правни постапки, документација и други обврски, но се соочиле со осуда.
-Намерата беше единствено да се помогне без никакво наше барање, со сама иницијатива на луѓе кои се дел од семејството кое живее во Македонија, а не да се создаде простор за осуда.
Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива.
Ви благодариме на сите што помогнавте, што покажавте сочувство и човечност. Во овој момент не ни е потребно ништо повеќе од мир, тишина и достоинство, за да му дозволиме на нашиот ангел да замине спокојно. Ве молиме, да не се шират лаги, претпоставки и дезинформации во името на Стивен. Да го оставиме да патува мирно кон небото, таму каде што болка нема, објави сестрата во нејзино и во име на нивната мајка Александра.
Стивен е една од 40-те жртви во катастрофалниот пожар во Швајцарија. Над сто лица се повредени.
Деск
НАМЕСТО УТЕХА, СЕ СООЧИВМЕ СО БОЛНИ ЗБОРОВИ, ВЕЛАТ СЕСТРАТА И МАЈКАТА НА СТИВЕН КОЈ ЗАГИНА ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleЛАЖНИОТ ЛЕКАР ПРОДОЛЖУВА ДА ,,ОПЕРИРА”: ЖЕНА МУ ДАЛА 12.400 ЕВРА ЗА НАВОДНА ОПЕРАЦИЈА НА СНАА И!
Next Article НА 48-ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА СНИМАТЕЛОТ МИЖИМАКОВ

