Во тек на вчерашниот ден, во рекордни шест часа беше собрана сумата потребна за лекување на 8-годишната Ана Јованчев, која се бори со тумор на синуси. Кампањата за помош на девојчето беше објавена на платформата Е-крауд, а само по неколку часа се огласи д-р Ненад Лазаров, кој соопшти дека истата е затворена, бидејќи се собрала потребната сума од 3,1 милиони денари.
За Ана се сплоти целата држава и нашиот народ уште еднаш ја покажа својата солидарност на дело. Денес, и нејзиниот татко Александар Јованчев се огласи јавно, и заедно со мајката на девојчето, Ивана, упатија голема благодарност до цела јавност.
-Со ова ни испративте порака дека не сме сами и дека во оваа борба имаме неверојатна поддршка. Ние сме на самиот почеток и пред нас претстои долг и непредвидлив пат. Веруваме и се молиме Ана да издржи и да победи, објави Јованчев.
В.К.
А КОЈ, АКО НЕ НАРОДОТ: ЗА РЕКОРДНИ 6 ЧАСА СОБРАНИ ПАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА АНА!
1 Min Read

