Голема трагедија го потресе светот, откако пред десет дена во Перт, Австралија, биле пронајдени безживотните тела на цело семејство. Како што пишува Телеграф, телата на Џарод Клун (50), неговата партнерка Маивена “Мај” Гоасдуе (49) и нивните синови Леон (16) и Отис (14) беа пронајдени на нивниот имот во Мосман Парк, богато предградие на Перт.
-Полицијата официјално не потврди како починало семејството, но Џесика Секуро, детективка на местото на настанот, изјави дека случајот се третира како убиство и самоубиство.
Таа исто така забележа дека на таа адреса немало позната историја на семејно насилство. “Изгледа дека не се случил насилен инцидент во куќата”, рече таа.
Телата биле пронајдени откако работник за нега пристигнал во петокот наутро на рутинска посета и на предната врата нашол белешка на која пишувало “Не влегувајте- повикајте полиција” и упатства за службите за итни случаи.
Кога полицајците влегле, ги пронашле починатите членови на семејството и нивните две кучиња и една мачка, кои исто така биле убиени, во различни делови од куќата, објави Телеграф.
Како што пренесоа австралиските медиуми, двете деца на семејството биле со аутизам и биле невербални. Голем број на здруженија за поддршка на семејства со деца со аутизам објавија дека овие фамилии секојдневно зад затворени врати водат големи и тешки битки, и дека им е потребна стабилна институционална поддршка, како и поддршка од заедницата.
Деск
Previous ArticleСО НОЖ НАПАДНАТА 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, НАПАЃАЧОТ Е ПРИВЕДЕН

