Ја молиме цела јавноста за помош во пронаоѓање на нашиот син Виктор Илиоски (39), кого го нема од саботата, од околу 14.00 часот. Никогаш не се случило да излезе и да не каже кога ќе се врати, ние сме избезумени од грижа, за ВИКИМЕДИА вели Драган, татко на Виктор од Прилеп, кој е пријавен за исчезнат и во полиција.
Како што раскажува таткото, Виктор бил зависник и последните месеци бил под терапија, се лекувал и немале никакви проблеми. Ништо не наговестувало дека може да замине некаде без да каже каде оди и да го остави семејството во тешка неизвесност.
-Сите ние, роднини и пријатели постојано го бараме, како да пропаднал во земја, никој го нема видено, иако го снема среде бел ден. Чекаме одговори од полицијата, по проверка на камери во околината, а истовремено апелираме до јавноста, ако некој го забележи веднаш да се јави во полиција или пак кај мене, на 076 303 292.
Виктор е татко, има малолетно дете, има семејство кое го сака и се грижи за него. Очајно молиме за помош, вели таткото.
Додава дека станува збор за крупен човек, висок околу 180 сантиметри, и бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики. Кај себе немал некоја поголема сума на пари. Го носел мобилниот, телефонот ѕвонел, но никој не одговарал.
В.К.
ТЕЛЕФОНОТ ЅВОНИ, А ТОЈ НЕ СЕ ЈАВУВА, ВЕЛИ ТАТКОТО НА ВИКТОР, И МОЛИ ЗА ПОМОШ ВО ПРОНАОЃАЊЕ НА СИНОТ
2 Mins Read
Previous ArticleПОЧИНАТО БЕБЕ ДОНЕСЕНО ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО

