Вчера во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“, управувано од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од с.Ливада, струшко, кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.
Како што соопштија од полицијата, претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Деск
КАМИОН ПРЕГАЗИ ПЕШАК, КОЈ ПОЛОВИНА ЧАС ПРЕТХОДНО РОДНИНИ ГО ПРИЈАВИЛЕ ЗА ИСЧЕЗНАТ
1 Min Read

