По 25 годишен процес, караман и официјално е признат како автентична македонска раса на куче, соопштија од Кинолошкиот сојуз на Македонија.
-Со задоволство би сакале да ве информираме дека на поднесената апликација од Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија, во соработка со Кинолошкиот Клуб за Македонско Овчарско Куче Караман, Светската Кинолошка Федерација, FCI, одговори позитивно со што Македонија се здоби со нејзината втора раса овчарско куче воедно прва само македонска раса, извести Кинолошкиот сојуз на Македонија.
Појаснуваат дека од 11.02.2026 година, македонското овчарско куче караман беше примено во семејството на расни кучиња при FCI како условно призната раса.
КСМ изразува благодарност до сите инволвирани во 25 годишниот процес и Честитки до сите македонски кинолози.
Оваа раса на кучиња е позната како одличен чувар, како на стада, така и на домови.
Б.Н.
Previous ArticleМЛАД ДАНЕЦ ПОВРЕДЕН ВО СНЕЖНА ЛАВИНА НА ПОПОВА ШАПКА!

