На темата околу тоа дали е потребно купување на нов владин авион, претседателката Гордана Силјановска Давкова, денес кажа дека според неа, сегашното авионче е мало, и не било пријатно да се лета во него, кога се знаело дека е старо 25 години.
-Поради тоа што е најмало и најстаро, моите колеги, претседатели од регионот, го нарекуваат авиончето на браќата Рајт (Вилбур и Орвил Рајт биле изумители на авиони, а Орвил го извршил првиот лет со летачка машина кој траел само 12 секунди).
Поевтино и порационално е да се има поголемо авионче, затоа што така ќе можат да одат повеќе лица со еден лет. Некои претседатели понекогаш со нив носат и новинари, за мене е хендикеп што со нас нема новнари, вели Силјановска Давкова.
Вчера, по критиките на СДСМ дека наместо да се планира купување на нов владин авион, треба да се зголеми минималната плата на работниците, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека нема да се купува нов авион, иако додека летаат ќе се молат да останат живи.
Авионот кој е од времето на Владата на Владо Бучковски, често има дефекти и за негови поправки во годините наназад се потрошиле неколку милиони евра.
Во него имало место за шест патници, а во минатото, кога се случуваа дефекти, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски во повеќе наврати посочуваше дека е потребен нов авион со повеќе седишта.
Деск
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА КАЖА ДЕКА ВЛАДИНОТО ,,АВИОНЧЕ” Е СТАРО И ТРЕБА ДА СЕ КУПИ НОВО И ПОГОЛЕМО ЗА СЕ НОСАТ И НОВИНАРИ
2 Mins Read

