Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов.
-ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик, соопштија од СВР Велес.
Како што е појаснето, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Тој и лани заработи две кривични пријави, и тоа бидејќи без гласање на советниците допишал одлука на Советот, како и затоа што извршил реконструкција на пат на диво, без проект и без документација.
Деск

