Никола Станишиќ, македонскиот победник на регионалното музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд 2025” денес слави роденден. Момчето кое со својата интерпретација на македонски песни го воодушеви регионот, денес полни 26 години.
Во постари интервјуа тој откри дека немал лесен живот. Раскажа дека родителите му се развеле кога бил тинејџер и тоа бил тежок период, а мајка му морала да работи како чистачка за да го издржува семејството.
Веднаш штом почнал да заработува од музика, и кажал на мајка му да се откаже од тешката работа, и започнал финансиски да се грижи за неа.
Никола денес има редовни настапи во земјава и регионот.
Според најавите од неговиот тим, во текот на годината се подготвуваат нови музички проекти и соработки, кои дополнително ќе го зацврстат неговото место на сцената. Со амбиција, талент и посветеност, Никола Станишиќ е име за кое допрва ќе се зборува.
Деск
НИКОЛА СТАНИШИЌ ПРОСЛАВУВА РОДЕНДЕН: ОД НЕПОЗНАТО МОМЧЕ, ДО РЕГИОНАЛНО ПОЗНАТО МУЗИЧКО ИМЕ
1 Min Read

