Успехот на Панче, голема гордост за Македонија: Панче Наумов (50) од Штип е еден од македонските научници кои се на листата на 2 отсто највлијателни научници во светот што ја објавува Универзитетот „Стенфорд“.
Академик Панче Наумов минатиот месец стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy od Sciens) и тоа во Одделението за хемија.
За членство во Европската академија на науки бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот Нортвестерн во САД, а неговата номинација била поддржана од научници од Франција и од Финска.
Моментално е универзитетски професор на Универзитетите „Њујорк“ и „Њујорк Абу Даби“, а со години наназад живее во странство.
За своите научни достигнувања, Наумов има добиено многу награди, меѓу кои наградата Александар вон Хумболт од Германија, специјална награда од Универзитетот од Пекинг и златна виза за посебни заслуги за државата од Обединетите Арапски Емирати.
Деск
ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ Е НА ЛИСТАТА НА 2 ОТСТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ НАУЧНИЦИ НА СВЕТОТ СПОРЕД УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СТЕНФОРД”
1 Min Read

