Веќе шеесет години среќно е оженет со Зага, а ,,Чудна жена беше Вера” е песната која го одбележа музичкиот пат на Круме Спасовски (79).
Популарниот фолк пејач годинава е добитник на наградата за животно дело на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.
Песната за Вера го лансираше помеѓу најслушаните пејачи кај нас, а беше снимена во 1974 година. Продуцент на истата беше Александар Сариевски. Веднаш по излегувањето на плочата, народoт ја прифати песната за Вера, која и до денес се слуша.
За сопругата Зага, Спасовски исто така има снимено песна. Се работи за нумерата „Еј Заге носам чалгии“ која тој ја отпеа на Лешочки Фестивал. За Зага, во постаро интервју раскажа дека сосема ја заслужила песната, бидејќи да не била таа, тој не ќе можел целосно да и се посвтети на естрадата. Зага се грижела за децата и домот, па така тој бил ослободен од повеќето домашни ангажмани, и имал повеќе време за музиката.
В.К.
Фото: Јован Анѓелески

