Љиљана Лалиќ си ги бара своите сестри Бојана и Ведрана, со кои била разделена пред повеќе од 30 години. Како што појаснува во својата јавна објава која ја споделува во групи на социјалните мрежи ширум поранешните Југословенски републики, тие биле пет сестри, кои родителите ги дале на посвојување во детси дом во Загреб, а потоа сите биле посвоени. Бојана и Ведрана биле посвоени во исто семејство, во Италија, а нивните имиња биле променети во Марија и Клелија.
-Ги бараме сестрите Марија и Клелија Нани – помогнете ни да го обединиме семејството
Почитувани читатели,
Ви пишувам со надеж и искрена молба за помош во потрагата по моите сестри, кои беа посвоени од Хрватска како мали девојчиња во 1990-тите и однесени во Италија.
Се викам Љиљана Лалиќ, а сега Брдар. Вкупно бевме пет сестри. Поради тешки животни околности, нашите биолошки родители нè дадоа сите на посвојување. Како мали девојчиња, бевме разделени од Детскиот дом “Назорова” во Загреб и секоја од нас тргна по свој пат.
Сакам моите сестри да знаат дека и јас, исто како нив, поминав низ процесот на посвојување и дека го разбирам целиот товар и тишината што ги носи таквото детство, пишува Љиљана во јавниот апел.
Додава дека во меѓувреме дознала дека нивните биолошки родители починале.
-Минатата година успеав да најдам една од моите сестри, што ми даде сила и вера да не се откажам додека не ги најдам и другите. Во моментов ги бараме двете сестри за кои знаеме дека живеат во Италија и биле посвоени во истото семејство со презиме Нани:
Ведрана Лалиќ, родена во 1988 година, сега се презива Клелија Нани.
Бојана Лалиќ, родена во 1989 година, сега се презива Марија Нани.
Имам само две скапоцени детски фотографии од нив, единствениот траг што ме поврзува со нашето заедничко минато.
Мојата единствена желба е ние петте сестри да се најдеме и повторно да се обединиме. Не барам ништо повеќе од шанса да се сретнеме, да се прегрнеме и да ги поправиме нашите скршени семејни врски.
Ако ги познавате Марија или Клелија Нани, или ако се препознавте во овие редови – ве молам контактирајте ме. Вашата сестра Љиљана ве чека, објави таа.
Ако некој има информација за сестрите по кои трага Љиљана, може да ја контактира на адресата и боројот во прилог:
Контакт: Име: Љиљана Лалиќ Брдар Телефон / WhatsApp / Viber: +49 1520 8380946
Е-пошта: [email protected]
Деск
ПО 30 ГОДИНИ РАЗДЕЛЕНОСТ, СИ ГИ БАРА СЕСТРИТЕ БОЈАНА И ВЕДРАНА: ПОСВОЕНИ СЕ ВО ИТАЛИЈА ВО ИСТО СЕМЕЈСТВО
2 Mins Read

