Изминатиот период беа одземени поголем број на мопеди и мотоцикли на ниво на цела држава, бидејќи лица кои ги управувале немале положено возачки испит.
Во дневните билтени на Министерството за внатрешни работи се почесто се евидентирани такви случаи, а кога е возраста на лицата во прашање, ги има од тинејџери, па се до пензионери.
Така на пример вчера во Неготино, одземен е мотоцикл од 16-годишник, но и мопед од 68-годишен пензионер.
Од секторот за внатрешни работи Велес, велат дека и двајцата биле лишени од слобода, а по документирање на случаите, ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Со новите измени од Кривичниот законик, секојдневно се одземаат голем број на мотоцикли, патнички возила, како и земјоделски возила.
Инаку, со новите измени во Кривичниот законик се предвидени ситуациите во кои привремено се одземаат возилата, и тоа за возење без возачка дозвола, под дејство на алкохол, на дроги, при екстремно пречекорување на брзината, кога се користеле за кривични дела, кога има сомневање дека се украдени, или, пак, кога се нерегистрирани, технички неисправни…
Потоа, започнува судска постапка во која Јавното обвинителство и полицијата водат кривична постапка против лицата што ги управувале возилата.
Околу тоа што ќе се случува со одземеното возило, ќе решава надлежен судија, а како што појаснуваат од обвинителството, станува збор за постапка која може да трае и со месеци.
Деск
СЕ ОДЗЕМААТ МОПЕДИ ОД ЛИЦА КОИ ВОЗАТ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ: ОД ТИНЕЈЏЕРИ, ДО ПЕНЗИОНЕРИ ЗАВРШУВААТ ВО СТАНИЦА
2 Mins Read
Next Article ПОЧИНА 10-ГОДИШНО ДЕТЕ ПО ПАД ОД БАЛКОН

