За првпат дошол во Македонија во март 2013 година, и веднаш се вљубил во македонската музичка традиција.
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, веќе 13 години е амбасадор на македонската песна, а во ноември лани, во неговата родна префектура Тотори го одржа првиот концерт со македонски народни песни во Јапонија.
Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера.
Има препеано над 30 македонски познати песни, а вели дека голема желба му е да ја направи Македонија препознатлива и во неговата земја, како по добрата музика, така и по квалитетното македонско вино.
Во 2024 година беше прогласен за Амбасадор на македонската култура на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста”.
Деск
ЈАПОНСКИОТ ОПЕРСКИ ПЕЈАЧ КОТЕЦУ 13 ГОДИНИ ГИ ПРОМОВИРА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА И ВИНО НИЗ СВЕТОТ
1 Min Read

