По повод една година од трагедијата во таканареченото кабаре „Пулс“ во Кочани, се одржа комеморативна седница во Парламентот.
Пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши се обрати и кажа дека ноќта која почнала со забава и млади кои славеле, завршила со рани и болка која продре во срцето на цела држава.
-Таа ноќ Кочани и Македонија не ги загубија своите синови и ќерки, туку и својата иднина. Неповратен дел од нашата душа изгоре во Кочани. Таа ноќ заедно со животитте на 63 лица, со себе ги однесе соништата на многу млади луѓе кои ги носеа со себе и кои почнаа да се градат. Денеска стојам пред вас со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорноста. За да се зборува за ваква трагедија е една од најтешките задачи кои може да и припаднат на една институција и едно лице.
Дури и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко да се изговорат. Јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок, особено кога си свесен во ваков случај ниту една реченица не е доволна да ја исполни празнината и да ја ублажи болката на семејствата. Има зборови кои плачат и солзи кои зборуваат, ќе рече еден поет. Солзите на мајките, родителите и сите граѓани зборуваат погласно од секоја изјава која може да ја даде секој, истакна Гаши.
Кажа дека по една година од трагедијата, се собрале како никогаш досега, не како власт и опозиција, туку како општество кое беше длабоко повредено од трагедијата, со цел да им испратат порака на семејствата дека во болката не се сами.
-Оваа седница е да се потсетиме, но и да размислиме. Трагедии како оваа ни покажуваат дека одгоровноста на институциите е поголема отколку што проценуваме, и дека правдата е поважна отколку што замислуваме. Затоа е важно институциите, Јавното обвинителство, судовите, Министерството за внатрешни работи и сите истражни органи да работат во овој процес со професионализам, независно и целосно транспарентно.
Правдата не треба да биде пребрза, но ниту задоцнета. Само правдата и вистината може да донесат мал спокој за семејствата и за општеството. Точно и прецизно да се таргетираат виновниците за оваа трагедија. Ова исто треба да биде лекција дека спроведувањето на законот на нашата држава е обврска од која никој не е амнестиран, истакна Гаши.
Деск
ПРАВДАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕБРЗА, НО НИТУ ЗАДОЦНЕТА, КАЖА ГАШИ НА КОМЕМОРАТИВНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА КОЧАНИ
2 Mins Read
Previous ArticleСПРЕЧЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ 120 КИЛОГРАМИ ТУТУН ЗА НАРГИЛЕ

