За жал, не постои начин да ги вратиме тие кои повеќе не се со нас. Но, од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној во дискотеката во Кран Монтана, македонскиот систем и институциите реагираа подобро од системот и институциите во Швајцарија, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски на денешната посета во Кочани.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали како Влада сметаат дека добро се справиле со трагедијата во Кочани, додаде дека не сака да прави споредби на лоши настани, бидејќи тоа изгледало некрофилски, но според анализите кои ги направила Владата, системската реакција во Македонија била на повисоко ниво во споредба со случајот во Швајцарија.
-Неколкукратно подобро се справивме со трагедијата во Кочани, отколку Швајцарија со Кран-Монтана, по сите параметри и споредби. Од аспект на системска реакција, кога ќе се спореди тој настан, со овој настан, верувале или не, системот македонски реагираше подобро отколку системот во Швајцарија, истакна Мицкоски.
Деск
НЕКОЛКУКРАТНО ПОДОБРО СЕ СПРАВИВМЕ СО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ОТКОЛКУ ШВАЈЦАРИЈА СО КРАН-МОНТАНА, ТВРДИ МИЦКОСКИ
1 Min Read

