Во пресрет на одбележувањето на годишнината од најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во Кочани кој однесе 63 млади животи, а над 200 лица се здобија со повреди, да не се заборави големиот придонес на волонтерите од иницијативата „Супорт Кочани“.
Иницијативата „Супорт Кочани“ која се појави во интернет етерот кога земјата се уште беше во шок од пожарот во Пулс, и за кратко време стана симбол за поддршка, надеж и несебична помош за оние на кои им е најпотребна во 2025 година.
Во нејзиното срце се волонтерите – млади луѓе со широка душа и движечка сила што ја обединува заедницата, поттикнува доверба и покажува дека хуманоста сè уште има силен глас.
Сите донации кои беа собрани преку иницијативата, беа транспарентно објавени на нивната официјална страница, и поделени беа помеѓу повредените и семејствата на загинатите.
Нивната посветеност и солидарност остануваат потсетник дека и во најтемните моменти, човечноста и заедништвото можат да донесат светлина. Кочани памети, а благодарноста кон сите кои помогнаа ќе остане засекогаш.
Деск

