Македонскиот претставник на Зимските параолимписки игри, Зоран Јовановски беше дисквалификуван заради промашена капија, на само неколку капии пред целта, извести Македонски параолимписки комитет.
Единствениот македонски спортист на Зимските параолимписки игри Милано Кортина 2026 година, Зоран Јовановски од с. Ангелци, Струмица, кој учеството на игрите го оствари со добиена вајлд карта – директна покана од ИПЦ, денес настапи на игрите во дисциплината Слалом – мажи седење и по извозената прва трка беше дисквалификуван.
Зоран настапи во првото возење како 85-ти, претпоследен во трката, бидејќи на игрите на патеката како први стартуваат натпреварувачите со оштетен вид, потоа натпреварувачите во стоечка конкуренција и на крај натпреварувачите во седечка конкуренција, информираат од комитетот.
-Во категоријата на Зоран Јовановски настапија вкупно 34 натпреварувачи, од кои 22 ја завршија трката, 11 испаднаа од трката, а нашиот Зоран со заостанување од 48,31 секунди зад првопласираниот, со остварен резултат од 1:33,58 , беше пласиран на последното 23-то место, меѓутоа непосредно по објавениот резултат, за жал Зоран Јовановски беше дисквалификуван заради промашена капија, на само неколку капии пред целта.
Со тоа заврши настапот на игрите на нашиот тим без остварен пласман, меѓутоа побогати за уште едно искуство, соопштија од Македонски параолимписки комитет.
Синоќа, со почеток во 20:30 во Карлинг салата во Кортина ќе се одржа церемонијата на свеченото затворање на игрите, а нашата делегација се враќа во државата на 17.03.2026 (денес), во попладневните часови.
В.К.
ЈОВАНОВСКИ БЕШЕ ДИСКВАЛИФИКУВАН НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ ПОРАДИ ПРОМАШЕНА КАПИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleПОЧИНА ЧИЧКО ДРАГИ ОД РЕКОРД

