Од скромно момче од Богданци, со визија и силна работна етика, до успешен професор на Универзитетот Хофстра во Њујорк!
Радослав Стојчевски од Богданци е поранешен студент на Институтот за биологија, а денес успешен млад професор на Универзитетот Хофстра во Њујорк, на кого сме особено горди, објави Приордно-математичкиот факултет.
Од факултетот го поканиле да ги сподели своите впечатоци од студирањето на ПМФ, своите кариерни успеси и препораки за сегашните и идни студенти, а Стојчевски раскажува дека во кариерата бил најгорд на назначувањето за асистент-професор по медицина на Школата за медицина Доналд и Барбара Закер, при Универзитетот Хофстра во Њујорк, и на објавувањето на неговиот магистарски труд во реномираниот журнал Biochemical Pharmacology (Q1). На студентите им порача да веруваат во себе, во сопствениот потенцијал и во трудот што го вложуваат.
Инаку, Стојчевски бил запишан во Средното општинско училиште „Богданци“ во Богданци, кое го завршил како првенец на генерацијата, а потоа, по завршувањето на студите во Скопје, добил шанса да го надгради и усоврши своето знаење во САД.
Денес, стоејќи пред студентите како професор, тој не е само предавач, туку пример. Пример дека со труд, дисциплина и верба во себе, соништата можат да станат реалност. И секоја лекција што ја предава носи дел од неговата приказна – приказна за момче кое никогаш не се откажало.
Деск
ОД МОМЧЕ СО ВИЗИЈА ОД БОГДАНЦИ, ДО УСПЕШЕН ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ХОФСТРА ВО ЊУЈОРК!
2 Mins Read

