Претседателката Гордана Силјановска Давкова беше во официјална посета на Република Хрватска, каде се сретна со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Таа му се заблагодари на Милановиќ за разбирањето и поддршката, како и за добросостојбата на македонските граѓани кои во Хрватска пронашле втор дом, и посочи дека членството во ЕУ останува наша стратешка определба.
Хрватскиот пртеседател пак, кажа дека има живот и без ЕУ.
-Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат да го избере; претпоставувам дека тоа е патот на просперитет, мир и спокојство за граѓаните на Македонија. А второто, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО, е фасада, еден вид енергетска обнова, но она што ја прави куќата е она што е внатре.
Ова се моите размислувања, не совети ниту на првиот сосед покрај кого живеам, а камоли на цела земја и нејзиниот народ. Истото важи и за Хрватска; ЕУ е надградба, но никако самата зграда. Нашата куќа и традиција се на нашата земја, а ЕУ е добредојдена сезонска приказна додека трае. Тоа е тоа. Има живот без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен живот, рече Милановиќ.
Деск
ИМА ЖИВОТ И БЕЗ ЕУ, УНИЈАТА Е НАДГРАДБА, НО НИКАКО САМАТА ЗГРАДА, КАЖА ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ
1 Min Read

