Во групата “Зошто ги сакам кучињата” неодамна беа објавени фотографии од еден жител на Загреб кој го носи во количка своето болно куче, Боби, на ливада секој ден.
“Додека некои луѓе ги напуштаат своите здрави кучиња, постојат луѓе како овој човек што ме тераат да поверувам дека сè уште не е сè изгубено. Луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото и, преку своите постапки, го прават светот подобро место. Го гледам мојот сосед како го вози своето болно и старо куче во инвалидска количка до ливадата двапати на ден, секој ден. Ти благодарам, добар човеку”, напиша неговата сосетка Зденка, која ги објави фотографиите.
Таа додава дека го познава и него и Боби.
-Човекот е во тешка финансиска состојба, но редовно му ги купува лековите и тоа куче му е сè, објави жената.
Во време кога често сме сведоци на рамнодушност, приказната за Боби и неговиот сопственик тивко нè потсетува дека лојалноста, љубовта и грижата сè уште се најубавите нешта кај луѓето, и токму во ваквите приказни се крие надежта за подобро општество.
Деск

