-Не, мир не можеш да најдеш никогаш! Само мораш да се научиш да се носиш со тоа, и тоа е се, одговори Лилјана Петровиќ на прашањето на новинарот на српската емисија ,,Добро јутро”, околу тоа дали како поранешна менаџерка на Тоше Проески, успеала по сите изминати години да најде мир.
Емисијата која се емитуваше неодамна, беше на тема одгледување на лаванда и други ароматични билки, кои Петровиќ ги одгледува на огромни плантажи во близина на Бела Паланка.

-Над 200 хекрати има плантажата и пред 15 години не ни можев да сонувам за вакво нешто. Се случи спонтано. Дел од земјата ја наследив од дедо ми, а голем дел ја купив заедно со соработниците. Купивме над 2.600 парцели. Лавандата ја носиме во дестилерија и од неа се прават етерични масла. Имаме и плантажи со ружи, и кај нас се е отворено, можат да дојдат луѓе да разгледаат, да се фотографираат. Ќе правиме и центар за посетители, да има каде да седнат кога ќе дојдат, да се информираат за се, раскажа Петровиќ.
Таа по смртта на Тоше живее подалеку од очите на јавноста, а останува запаметена како негова менаџерка која беше покрај него во моментот на кобната сообраќајна несреќа во Хрватска, и која со години наназад целосно беше вложена во напредокот на неговата музичка кариера.
Во постаро интервју ни раскажа дека нејзината тага нема никогаш да помине, и не реагира на шпекулациите и невистините кои се пласираат во јавност за неа.
Деск

