Големо невреме ја погоди Хрватска. Две лица се повредени, помеѓу кои и дете, поради силните налети на ветар од над 100 километри на час во Загреб. Откажана е наставата, а пожарникарите имале над 1.000 интервенции во изминатите 24 часа.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и снимки, на кои се гледа како ветрот носи се пред себе и се предизвикани бројни штети.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, од утре (сабота) се очекува стабилизирање на времето.
Деск

