Жарко Гроздановски, лидер на организацијата „Христијанско братство“ и анестезиолошки техничар од универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, во одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, е лицето кое е приведено вчера, под сомнение за убиство на охриѓанецот Климе Митрески (76).
Како што соопшти Министерствово за внатрешни работи, тој бил лишен од слобода вчера во 17:20 часот, откако претходно во МВР било пријавено дека на улицата „Нада Филева“ во Охрид, во неговиот дом во утринските часови, без знаци на живот е пронајден Митрески.
Според првичните неофицијални информации, Митревски склучил договор за доживотна издршка со Гроздановски.
Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот се до крајот на неговиот живот, а по неговата смрт требало да го наследи неговиот имот. Станувало збор за имот вреден околу еден милион евра.
Од Јавното обвинителство велат дека денеска се работи на обезбедување докази во врска со случајот и оти во текот на денот ќе излезат со информации.
Инаку, против Жарко Гроздановски во 2019 година беше поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер Зоран Заев, во видео обраќање кое беше објавено на социјалните мрежи.
Деск

